gogo

A+ R A-


Тимов: Скопје има искусен тим, но бодовите остануваат во Кратово

Утре (17 часот) фудбалерите на Силекс и Скопје и официјално ќе ја стартуваат новата фудбалска сезона. За кратовци ова ќе бде сезона во која ќе се обидат да изборат излез во Европа, додека Скопје го очекува грчевита битка за опстанок. Фаворит секако ќе биде составот на Силекс, кој имаше одлични претсезонски настапи и ниту еднаш не беше поразен на летните подготовки.
-Имавме добри подготовки во изминатиов период и подготвени влегуваме во новиот шампионат. На отварањето ни доаѓа Скопје, тим што има неколку искусни поединци во составот. Сепак, со максимално залагање, квалитетот ќе дојде до израз и бодовите, се надевам, ќе останат во Кратово - ни рече крилниот напаѓач Филип Тимов, кој на последните неколку меча игра во одлична форма и од кого се очекуваат погодоци во новото првенство.
Судија на мечот ќе биде Марјан Гоцевски од Струмица.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.