gogo

A+ R A-


Тимовски се сели во шампионот Шкендија, а голманот Божиновски во Струга ТЛ?

Испаѓањето на Силекс од елитата доведе до прекин на договорите на играчите со клубот, а тоа значи дека тргна потерата по нивен ангажман во нови клубови. Се чини, првиот кој ќе повлече нога е капитенот Ангелчо Тимовски, кој дознаваме дека е пред потпис со шампионот Шкендија. Неофицијално, утре се очекува негова промоција во црвено-црниот дрес на тетовци.
На излезна врата од клубот е и повремениот репрезентативен голман Даниел Божиновски, за кого силен интерес има од неколку клубови. Се чини, најмногу загриза Струга Трим Лум, која летово ќе има настап на евро-сцената и им треба искусен и квалитетен голман на таа позиција. Дали ќе се случи трансфер во Струга, или Божиновски ќе одбере еден од скопските клубови, кои му се прва опција, останува деновиве да сочекаме.
Она што е потполно јасно во моментов, е дека странците во дресот на Силекс дефинитивно заминуваат бидејќи немаат право да играат во втората лига. Тоа значи дека Драшковиќ, Ристов, Благојевиќ, Ѓорѓевиќ и Штерев слободно можат да си бараат нов клуб.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.