На последниот ден на 2015-тата година, порталот АБЕРЏИЈА ќе ве почести со најдобрите 20 фотографии снимени на стадионот во Кратово оваа година. Фотографиите се проследени со духовит коментар, а ги улови објективот на фотографот Оливер Арсовски.
Ѓорѓевски: Баци рака, чедо божје...
Штерјовски: Сергеј братушко, од мене имаш ружа за титулата, а од газда Самсоненко шут-карта за Русија...
Спиркоски: Еј дечки, одамна не сте се виделе... ајде, исцеливајте се и да почнеме...
Тодоров: Игоре, велат дека Исус одел по вода, ама и ние лебдиме во воздух...
Ристевски: Дуле, батали топката, ела да си поиграме малку во калта...
Ѓорѓевски: Абе ти на кумановца ли најде да му продаваш мангупске финте, ајде напоље...
Иванов: Па добро бре, колку пути треба да ви кажу дека топка е округла...
Тодоров: Никола, види дали некој не гледа, нешто ме чеша десното маде...
Дурански: Аце, не му се секирај, жив е...
Недељковиќ: Станувај бе, не се лигави пред девојчето...
Митровиќ: Овде нешто јако смрди...
Ѓурчиновски: Брат, ај симни се доле, па да поиграме фудбал...
Петровиќ: Ангел, оваа клоца ти е реванш за ланскиот лакт...
Недељковиќ: Де рашири малку нозете, само да поминам...
А сонцето пржи ли пржи...
Тимовски: Газда, ако добро разбрав, ќе не наградите со премија од 500 евра...
Газда Ѕинго: Дете, да си прочистиш ушите и да затвориш муцката...
Иванов: Ух, кое чувство е да си на седмо небо...
Митровиќ: У јеботе, опет сам погрешио страну...
Тимовски: Е, Ангеле, Ангеле, пак се фати како сом во рибарска мрежа...
Иванов: Ако не ми тргне со фудбалов, ќе се префрлам во магионичари...
ФОТО: Оливер Арсовски