gogo

A+ R A-


UEFA одлучи: Моменталниот пласман на табелата е билетот за настап во еврокуповите

Состанокот на извршниот комитет на УЕФА и според првите, неофицијални информации од него, европската куќа на фудбалот ќе ја важи актуелната состојба на табелите при решавањето кои екипи ќе играат во нејзините натпреварувања.

Англиските медиуми пишуваат дека, неофицијално, „ако европските првенства не успеат да ги довршат своите сезони, тогаш пласманот во Лигата на шампионите и во Лига Европа ќе биде одреден според спортска заслуга“. Според главниот уредник на англиски „Тајмс“, Мартин Циглер, тоа значи дека ќе се извади просек на поени по натпревар, освоени оваа сезона во националните првенства.

Упростено, тоа значи дека УЕФА ќе ја уважи моментната состојба на табелата, а критериумот „поени по натпревар“ практично би имал влијание во ситуациите кога некои екипи имаат одиграно различен број натпревари.

Исто така, Циглер потенцира дека со ова УЕФА нема да го одредува пласманот во домашните првенства и да распределува титули, туку само ќе одреди кои екипи ќе се квалификуваат во ЛШ и во ЛЕ.

Ако ова го аплицираме на нашата Прва лига, ќе констатираме дека Вардар ќе стекне право да игра во квалификациите од ЛШ, а Силекс и Шкендија во ЛЕ. Ова е различно, дури во македонскиот случај сосема спротивно од информацијата која се прошири вчера низ Стариот континент, дека пласманот во ЛШ и ЛЕ ќе се одредува по актуелниот коефициент на ранг-листата на УЕФА.

Сепак, се очекува официјална потврда од Куќата на фудбалот за оваа информација со детална елаборација на критериумите.Фудбал; Македонија на првата позиција во четвртата група - ALSAT-M

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

aberdzija 10 godini

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска6022
mod_vvisit_counterВчера5880
mod_vvisit_counterОваа недела18340
mod_vvisit_counterМинатата недела43302
mod_vvisit_counterОвој месец11902
mod_vvisit_counterМинатиот месец221684
mod_vvisit_counterВкупно12812894
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.