gogo

A+ R A-


Вардар извиси, Силекс ќе игра ЛШ и ќе заработи најмалку 800.000 евра

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и комисијата за лиценцирање очекувано го оставија Вардар без лиценцата поради долгови и несредени финансии. Ова е сеуште неофицијално, но според наши сознанија комисијата денес веќе донела таква одлука.

Вардар за утеха ќе ја добие заслужената титула, но нема да игра во квалификациите на Лигата на шампиони. Таму, сосема веројатно, ќе игра второпласираниот Силекс, за кој никој не веруваше дека ќе заврши на табелата пред фаворизираната Шкендија.

Силекс доколку испадне во првото квалификациско коло од ЛШ (ќе се игра само еден меч, со ждрепка ќе се одреди домаќинот), ќе продолжи во „шампионската група“ во Лига Европа, што однапред значи сигурни 800.000 евра (плус нешто од ТВ-права).
Веројатно раководството на Силекс деновиве ќе го одврзе ќесето и ќе ангажира некое звучно име со цел што подобро да се претстави во Европа, а но и да биде конкуренетен за првите три позиции во новото домашно првенство.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.