gogo

A+ R A-


Вардар повторно извиси, кратовци преку пенали влегоа во полуфиналето на Купот

Фудбалерите на Силекс славеа во четвртфиналната пресметка против Вардар во Купот на Македонија по изведувањето на пеналите со 3-2 (0-0). Дуелот во Кратово мина со израмнета игра, екипите беа насочени повеќе кон одбрана на својот гол, отколку кон загрозување на противничкиот. Откако по 90 минути немаше победник и голови, се изведуваа пенали, а во рулетот поуспешен беше Силекс.

Први шутираа вардарци и капитенот Мицевски беше сигурен, па со гол одговори и Ристовски. Високо над пречката биеше Глишиќ во втората серија, ама Гачевски врати на „нула“ со одбрана. Веднаш со интервенција одговори и Божиновски по ударот на Николов, па Љамаљари донесе предност за кратовчани (2-1). Перфектен пенал изведе Кире Маркоски, па следеа нови одбрани на Гачевски и Божиновски по ударите на Цветановски и Попзлатанов, а победата за кратовчани ја донесе Филип Стојчевски (3-2).
alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.