gogo

A+ R A-


Жеравица и Ѓуриќ го засилија Силекс, остануваат Благојевиќ и Ефремов

Резултат со слика за milos zeravicaЕкипата на Силекс го гради тимот за наредната сезона, ангажирајќи неколку нови имиња за новата сезона која почнува во август. Последното засилување на кратовчани е 30-годишниот Милош Жеравица,играч за врска, кој во кариерата има настапувано за Борац Бања Лука, исландски Гриндавик, потоа Слобода Ужице, Напредак Крушевац, ОФК Белград...

Силекс донесе ново име и во нападот. Станува збор за Стефан Ѓуриќ кој што потпиша договор со кратовскиот тим, 24-годишен шпиц кој што играл во Спартак Трнава и во Слобода Ужице. Доаѓа на местото на Марко Рајковиќ кој е пред потпис со Академија Пандев.

Покрај што го ангажираа Жеравица и Ѓуриќ, од таборот на Силекс ги продолжија договорите со Дејан Благојевиќ и голманот Андреја Ефремов, а големо засилување ќе биде и повратникот Ангелче Тимовски.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.