gogo

Oki kom baner 1

.banner-blue-bg

A+ R A-


Жикица Тасевски останува верен на Силекс уште една година

Неизвесноста околу тренерската позиција во фудбалскиот прволигаш Силекс денес заврши. Стариот тренер Жикица Тасевски сепак нема да си амине од Кратово, туку и во следната сезона останува на кормилото на клубот. Иако Силекс пролетва прокоцка огромна залиха бодови пред конкурентите и остана без излез во Европа, сепак, раководството на Силекс верува во квалитетот на Тасевски и му понуди респектабилен доовор, кој Жичо без многу размислување го прифати.
„Се договоривме со Силекс да го водам тимот и во наредната сезона. Искрено имав и други понуди, сакав малку и да одморам, но по разговорите со првите луѓе на клубот сепак решив да останам во Кратово" - вели Тасевски.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.