gogo

12805901 1736726103226190 7018339300294085335 n

A+ R A-


Кратовските гимназијалци се запознаа со убавините на Романија (РЕПОРТАЖА)

https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/6d/Castelul_Peles%2C_Sinaia_-_Vedere_panoramica.jpg/1200px-Castelul_Peles%2C_Sinaia_-_Vedere_panoramica.jpg
пишува - Катерина Филиповска, ученичка во трета година во СОУ „Митко Пенџуклиски“ - Кратово
Секое патување го збогатува оној што патува со прекрасни спомени. Љубовта и волјата кон патувањата е нешто што те прави среќен, но би било уште поубаво тоа да га направиш со своите другарчиња. Нема ништо поубаво и повозбудливо од тоа да запознаеш нови места, историја, култура и убавини. Нашата одбрана дестинација беше Романија, односно градовите Букурешт, Синаја, Брашов. Нашето патување го започнавме во приквечерните часови со тргнување од Македонија. Секако бевме возбудени и среќни. Најпрвин стигнавме во градот Букурешт. Таму го видовме најголемиот парламент, многу стари цркви, 41 помали фонтани кои водат до Букурешкиот парламент, Националната Универзитетска библиотека,

Поврзана слика

потоа местото каде што биле убиени 3.000 студенти по наредба на Чаушеску, трговскиот центар итн. Во попладневните часови се сместивме во хотелот “Andy”. Следниот ден нашето патување продолжи во Брашов. Таму е сместен замокот на Дракула. За него највпечатлив дел ми остави тоа што луѓето ги забивал на колец и ги убивал. Вечерта ја поминавме во ноќни клубови, каде што се забавувавме и го видовме ноќниот живот во Романија. Утредента го посетивме кралскиот дворец Пелеш. Тоа беше нешто многу убаво што сите не воодушеви. Тој е нешто многу вредно. Во него имало многу работи кои во тоа време тогаш ги немало , како што е вода,струја, има важни резби направени од страна на наши македонски резбари, имало огледало кое било донесено од Венеција, посебна музичка соба наменета само кралицата Марија, златна соба направена по шпански стил. Крајот на нашето патување го завршивме во трговскиот центар AFI Palace Cotroceni.Следното утро пристигнавме во нашиот град со помалку енергија но со многу спомени. За секој од нас ова патување беше премногу возбудливо. Секако ако сакате многу подобро да ја запознаете убавата историја, приказни и светлината на оваа земја би било добро да ја посетите.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.