gogo

Oki kom baner

A+ R A-


Откриен рајот на Земјата - се наоѓа во маалата Стојкарци во Вакав

altЛуѓето трагаат по нови, неоткриени рајски места на Земјата, некогаш подготвени да платат дури и мало богатство за да ги видат. Но, не секогаш рајот е некаде далеку. Тој знае да биде на чекор од вас. Токму едно такво рајско место, природна недопрена убавина се наоѓа на дваесеттина километри од Кратово, во селото Вакав. До него води асфалтен пат кој овозможува за само дваесеттина минути да го минете патот од Кратово до Вакав. А кога ќе стигнете во Вакав, мало село со педесеттина жители, ќе се изненадите од глетката. Наспроти првичната претстава дека во овој крај времето одамна застанало, одеднаш пред вас се појавува маалата Стојкарци со сиот раскош и убавина на овој свет. Неколкумина жители на оваа маала, одамна отселени во Скопје, водени од исконската привлечна моќ на родните огништа, изградиле прекрасна мала населба. Чувствувајќи ја волшебната моќ на овој простор кој зрачи со смирувачка енергија, на стотина метри од населбата, над огромната карпа во чија утроба се крие Царски кладенец, изградиле манастир посветен на римскиот цар Константин и неговата мајка Елена.
-Одлуката за изградба на манастирот беше донесена од порано, но не знаевме на кој светец да ја посветиме. Во разговор со локалниот отец, а во очи големиот христијански празник, донесовме одлука манастирот да го носи името на рамноапостолните светители Константин и Елена. Денес голем број верници доаѓаат по лек во манастирот, а некои од нив си заминуваат преродени - вели ктиторот на манастирот, кој посака да остане анонимен.
За магичната привлечност на овој крај, говори и еден несекојдневен настан кој се случил пред извесно време. Американец кој често ја посетувал Македонија, бил вчудовиден од она што го доживеал за време на неговиот престој во Вакав. Кога следната година повторно се вратил во Вакав, на локалните жители им рекол дека во неговиот тестамент побарал по неговата смрт, урната со пепел да биде донесена во манастирот „Свети Константин и Елена“.     Оливер Арсовски

alt

alt

alt

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija logo 7

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1262
mod_vvisit_counterВчера5237
mod_vvisit_counterОваа недела32457
mod_vvisit_counterМинатата недела37197
mod_vvisit_counterОвој месец142218
mod_vvisit_counterМинатиот месец313655
mod_vvisit_counterВкупно8566436
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.