gogo

Oki kom baner

A+ R A-


Репортажа од екскурзијата на кратовските средношколци во Романија

altПатувањето не збогатува со знаења,искуства и спомени.Нема ништо поубаво од проучување на нови места, култури, убавини, историја... Секој сака да патува, па така ние учениците од трета година остваривме едно патување, односно ја реализиравме предвидената екскурзија за трета година. Нашата одбрана дестинација беше Романија, односно градовите Букурешт, Брашов и Синаја. Тоа е земја со многу интересна историја. Нашето патување го започнавме приквечер со тргнување од Македонија. Возбудливи и среќни тргнавме на пат. Најпрвин пристигнвме во градот Букурешт. Таму се запознавме со значајните културни и altвеличествени градби како што се Парламентот, плоштадот Унири, реката Дамбовица која понира под плоштадот Унири, многу стари цркви, најстарата болница, 41 помали фонтани кои водат до Букурешкиот парламент, на тие помали фонтани се исцртани градовите по што се познати, потоа местото каде што бил потпишан Букурешкиот мировен договор, местото каде што биле убиени 3.000 студенти по наредба на Чаушеску, трговскиот центар, панорамски разглед на градот и други заменитости. Вториот ден бевме во Брашов,во историскиот град со историска вредност. Таму е сместен замокот на Дракула. Тој всушност е altнемилосрниот владетел. За него највпечатлив дел од приказната ми остави тоа што луѓето ги забивал на колец, неговата мудрост, луѓето што биле бедни ги нахранил па ги запалил и друго. Потоа ја посетивме Црната црква која е многу висока и впечатлива зграда во центарот на Брашов ,плоштадот во Брашов, старата архитектура на градот и т.н. Тука се забавуваме со една музичка група која имаше свој настап на плоштадот. Потоа се упативме кон хотелот во Синаја. По патот го видовме крстот кој е изграден на Карпатите. Тој е изграен од страна на кралицата Марија кои го носеле 100 војници на рамо. Тука се забавувавме и видовме како изгледа ноќниот живот на младите Букурештанци. Следниот ден нашето патување го продолживме во кралскиот дворец Пелеш. Тоа е најубавиот кралски дворец во светот. Тој е многу вреден, бидејќи се е зачувано како што изгледало некогаш и многу кралеви го посакувале и сакале да ,,украдат” некој детал за да го пренесат во нивниот вор. Во дворецот имало воведено вода дирекно од блиската река, струја во тоа време, огледало кое било донесено од Венеција, златната соба која била направена по шпански стил и друго. За време на нашето патување се запознавме со различни приказни за кралевите на Романија, за народот,културата... Нашето патување го завршивме со посета на големиот трговски центар во Букурешт. Следното утро пристигнавме во нашиот град со малку енергија, но многу спомени. Ова беше едно возбудливо патување за секого. За да ја почуствувате топлината и убавината на оваа земја мора да ја посетите.

Магдалена Трајковска и Ангела Георгиевска

alt

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

aberdzija logo 7

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска5576
mod_vvisit_counterВчера9418
mod_vvisit_counterОваа недела21518
mod_vvisit_counterМинатата недела62823
mod_vvisit_counterОвој месец145620
mod_vvisit_counterМинатиот месец141275
mod_vvisit_counterВкупно7997819
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.