gogo

A+ R A-


Вистиномер: Предвремено броење „резултати” од гласањето

altПишува: Ардит Рамадани

Рецензираната вест објавена на 14 јули 2020 манипулира со читателите со „објавување на резултатите“ од гласањето на лицата со Ковид 19 и на лицата во самоизолација, како и на гласовите на лицата во казнено – поправните институции.

Како што дознаваме неофицијално во Изборната единица 4, за ВМРО-ДПМНЕ гласале 1381, додека СДСМ има 974 гласови. Денеска гласаа болни и изнемоштени лица и ова се неофицијалните резултати, се вели во рецензираната вест.

Меѓутоа, авторот на веста овие податоци не можел да ги добие ниту официјално, ниту неофицијално, поради тоа што гласачките кутии сè уште не биле отворени и поради фактот што овие гласови се бројат заедно со другите гласови, односно кога ќе заврши целиот изборен процес.

По однос на ова се изјаснил и претседателот на  Државната Изборна Комисија (ДИК), кој за медиумите изјавил дека бројот на гласови објавен во една ваква вест е „шпекулација“.

Денес се објавени некои шпекулации, посебно што се однесува на броењето на гласовите. Јас повторувам дека гласовите од вчерашното и денешното гласање не се бројат и не се избројани. Овие гласови ќе се бројат утре заедно со другите гласови, изјави Деркоски.

Тој упати повик до политичарите и сите оние кои учествуват во вакви манипулации да се воздржат и да ги остават граѓаните да гласаат и да донесат вистинска одлукa.

 

Инаку, вториот ден од гласањето се одвиваше во Домовите за стари лица, Казнено – поправните институции како и лицата во домашен притвор.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

my way

aberdzija 10 godini

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1974
mod_vvisit_counterВчера5448
mod_vvisit_counterОваа недела12564
mod_vvisit_counterМинатата недела39901
mod_vvisit_counterОвој месец154804
mod_vvisit_counterМинатиот месец180850
mod_vvisit_counterВкупно14269164
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.