gogo

A+ R A-


Централно-кооперативна банка му додели 2.000 евра на Давид за лекување во Виена

altХуманитарната акција за собирање на 54.000 евра за операција на Давид Стојановски во клиника во Виена се одвива забрзано, а донации стигнуваат од сите страни. Пред малку не известија дека Централно-кооперативна банка, која има своја експозитура и во Кратово, уплатила 2.000 евра на сметката на Давид, за да го помогнат неговото лекување во Австрија. Со тоа банката покажа дека е општествено одговорна компанија која води грижа за луѓето на кои им е потребна помош.
Да не заборавиме дека животот на Давид ќе продолжи и по операцијата во Виена, дека ќе му бидат потребни средства за продолжување на лекувањето во Скопје, за потребните лекарства, за квалитетно школување. И да не заборавиме дека неговото петчлено семејство живее во две мали сопчиња, а Давид и неговата сестричка имаат потреба од детска соба, која благодарение на добрите луѓе, убедени сме дека наскоро ќе ја добијат.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.