gogo

Oki kom baner

A+ R A-


Да се биде средношколец во Кратово - колумна на Даниел Смиљков

altПишува - Даниел Смиљков, ученик во трета година во СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово
Речиси секој средношколец  посакува да живее, учи и излегува во поголем град со поголем број на можности. Младите што живеат во поголеми градови многу полесно може да се докажат, творат и да ги реализираат своите афинитети на спортски, литературен или културен план. Учениците во мојот град Кратово имаат можност да тренираат фудбал, кошарка, ракомет, карате или кик-бокс, но не сите средношколци имаат желба за овие спортови. Оние кои имаат интерес за други активности, како што е тенисот, глумата, музиката, уметноста, технички вештини, се приморани да заминат да учат во друг град, каде тоа ќе им биде овозможено. Или пак да заборават на своите желби.

Што се однесува до ноќниот живот во мојот град, тој е доста сиромашен. Ја немаме можноста да одиме во кино и да го гледаме најновиот филмски хит, да одиме во театар или во парк. Токму поради овие недостатоци, младите најчесто одат во неколкуте кафулиња, забавувајќи се со невкусна турбо-фолк музика, која делува депримирачки за нив. Не може да се каже дека самата младина е виновна за ова, но, за жал, тоа е единственото нешто кое ни се нуди.

Од друга страна, гимназијата во Кратово мошне добро функционира. Професорите имаат одлично познавање од предметите што ги предаваат, одлично умеат да го пренесат своето знаење и секогаш имаат добри совети кога имаме одреден проблем. Училниците се добро опремени, хемиската лабораторија е снабдена со потребните хемиски супстанци и прибор. Библиотеките во градот содржат безброј книги од најразлични тематики и автори. Градската библиотека се вбројува меѓу најдобрите во државава. Во неа има книги кои тешко се наоѓаат дури и во поголемите градови.

Познатиот етнолог Клод Леви Строс ја застапувал мислата дека ниту едно опшество не е совршено. Па така, позитивниот дел од живеење во Кратово како средношколец е безбедноста и блискоста меѓу луѓето. Поради малиот број на возила, учениците многу побргу стасуваат на училишните часови , а исто така и сообраќајните незгоди се многу ретки. Убиствата и кражбитe се неминовна  појава во поголемите градови, а во Кратово се многу ретки. Самиот град  е богат co разновидна флора и се наоѓа во еколошки здрава средина, што создава услови за водење на здрав живот. Кога ќе се стават на вага сите предности и недостатоци на живеењето во мало место, заклучокот кој се наметнува е дека каде и да живееме, треба да го цениме она што го имаме.

Колумната е дел од средношколскиот весник „Медиум“
http://www.medium.edu.mk/srednoskolski-medium/jas-mislam-vaka/item/2353-da-se-bide-srednoshkolec-vo-kratovo

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска6823
mod_vvisit_counterВчера16938
mod_vvisit_counterОваа недела60674
mod_vvisit_counterМинатата недела52384
mod_vvisit_counterОвој месец127530
mod_vvisit_counterМинатиот месец187480
mod_vvisit_counterВкупно8739228
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.