gogo

A+ R A-


Дует на Елеонора и Есма

Есма и Елеонора во дует на „Прилеп фолк-фест“

пишува- Оливер Арсовски

Кралицата на ромската песна Есма Реџепова Теодосиевска ќе пее во дует со нејзината заменичка Елеонора, која е вокал на новоформираната група "Есма'с бенд". Есма и Елеонора премиерно ќе ја испеат песната на новото издание на фестивалот "Прилеп фолк фест", кој ќе се одржи на 29 и 30 април во Прилеп.
Идејата за овој дует, како што вели Есма, е нејзина бидејки песната, зад која авторски стојат Симеон Атанасов, задолжен за музиката и аранжмано и Борче Нечовски автор на текстот, ептен се погодила на нивните гласови.
Песната во Прилеп ќе се отпее на макеоднски и ромски јазик, но Есма и Елеонора ќе ја снимаат на англиски и српски јазик и ќе служи за промоција на "Есма'с" бенд надвор од границите на државата.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.