gogo

A+ R A-


Елеонора Мустафовска ќе дебитира на Евроссонг 2010

"ЕСМА'С БЕНД" ПОДГОТВУВА СПЕЦИЈАЛЕН НАСТАП ЗА НАЦИОНАЛНИОТ ЕВРОСОНГ

Ако победиме 16 милиони Роми ќе гласаат за нас

"Есма'с бенд", во кој пее наследничката на Есма, Елеонора ќе настапуваат на националниот избор за песна на евровизија што ќе се одржи месецов во Универзална сала.

За настапот подготвуваат специјална кореографија под будното око на професорката, Кери Невзати, кореогравка која досега неколкупати подготвувала наши претставници за Евросонг. Во тек е изработка на костими, со кои, велат, дека ќе се претстават во сосема поинакво светло.

-Очекуваме многу од националниот изборот за песна наевровизија. Се надеваме на фер борба и фер гласање. Ако победиме имаме планови како да се претставиме пред Европа и да освоиме што повеќе гласови. Зад нас стојат големи промотерски куќи од Европа, како што се "Асфалт танго" од Берлин, "Ворлд Конекшн" од Амстердам, " Акордс Кроисес" од Париз и многу други кои кои се грижат за нашите настапи низ Европа а ни нудат достојна презентација и поддшка за настапот во Осло. Секако ова е само доколку победиме. Доколку дотуркаме до Осло имаме право да се надеваме и на 16.000.000 Роми, кои живеат во Европа и чии гласови оваа година битребало да им припаднат на нас. Тие секојдневно се наша публика на големите сцени низ Европа, каде речиси секој месец настапуваме, велат членовите на групата.
"Есма'с Бенд се состои од добро познати музички имиња, познати по своите атрактивни настапи. Овој бенд се состои од дел од членовите на Ансамблот "Теодосиевски", но место кралицата на ромската песна Есма, пее младата Елеонора, која е школо на Есма. Иако Елеонора има глас речиси како Есма, сепак, веќе е запишана на музичката академија по соло пеење. На овогодинешниот избор за песна за Евровизија композиторот Симеон Атансов, кој е најмалиот син на Есма, вели дека ке се претстават со една песна која има модерни ритмови и ќе биде голем хит. Се до настапот нема да откриваат ништо за песната со која планираат да ја освојат Европа.                     извор: ВЕСТ

 

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.