gogo

A+ R A-


Елеонора Мустафовска наследничка на Есма Реџепова

Кралицата на ромската песна, Есма Реџепова-Теодосиевска за прв пат јавно ја прикажа нејзината заменичка, матурантката Елеонора Мустафовска ( 18) од Кратово, која со ансамблот "Теодосиевски" настапи на "Прилеп- фест“ и освои прва награда од публиката. Ако денот по утрото се познава, тогаш слободно можеме да и предвидиме блескава музичка кариера на нашата млада сограѓанка. Да нема недоразбирања, Есма не се повлекува од музиката, но бидејќи веќе не може да го издржи товарот од 200 концерти годишно, одлучи да побара заменичка, а воедно и нејзина наследничка. Тимот на АБЕРЏИЈА за вториот број на весникот направи интервју со идната музичка ѕвезда за да ви ги пренесе нејзините импресии. Оливер Арсовски

Како дојде до соработка со Есма?

На конкурсот за наследничка на Есма се пријавија околу 150 кандидатки, но ниту една не одговарала на нивните критериуми.Јас им пратив мејл во кој искажав интерес да бидам дел од нивната школа. Набргу ме повикаа и откако им се допаднал мојот глас, ме поканија да бидам дел од нивниот ансамбл.

 

Како се чувствуваш по настапот во Прилеп?

Пресреќна сум, иако сето тоа се случи многу бргу, па не очекував дека ќе земам прва награда од публика. За песната најмногу му должам на композиторот Симеон Атанасов.

Која е омилената песна на Елеонора?

Од репертоарот на Есма многу ми лежи Зошто си ме мајко родила“, а инаку лично ја обожавам песната Мангава тут

Дали се гледаш себеси како достојна замена за Есма?

Јас сум пресреќна што имам можност да земам часови кај неа и таа ќе одлучи дали заслужувам да бидам нејзина заменичка. Јас ќе го вложам максимумот на моите капацитети за да се реализирам себеси на музички план.

Есма: Елеонора личи на мене во време кога бев млада

-Елеонора е девојче кое излезе од нашата школа. Знам дека луѓето не може да прифатат некој да ме замени, но јас ќе ја направам пејачка која ќе пее многу слично на мене. Неодамна настапи на Прилеп-фест и ја освои првата награда од публиката, што значи дека веќе ги освои срцата на народот. Кога ќе ја видите Елеонора, како да ме гледате мене кога бев млада. Јас веќе работам на нејзината дикција, дишење и држење. За наши услови таа има перфектен глас. Многу е мила и знам дека во неа лежи голем квалитет. Елеонора засега нема да прави соло-кариера, а за настапите во странство ќе биде дел од Есма бенд“, -изјави Есма за медиумите.

Ангела Анастасова, Дијана Митровска

 

 


 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

aberdzija 10 godini

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска5380
mod_vvisit_counterВчера6343
mod_vvisit_counterОваа недела39850
mod_vvisit_counterМинатата недела36870
mod_vvisit_counterОвој месец107511
mod_vvisit_counterМинатиот месец119244
mod_vvisit_counterВкупно12140074
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.