gogo

A+ R A-


Емилија Симонова: Се уште не ми се верува дека добив Порше

altКратовчанката Емилија Симонова е среќниот добитник на автомобилот Порше Кајман од наградната игра на телекомуникациоскиот оператор Т-Мобајл. Младата професорка во основното училиште „Кочо Рацин“ стана среќниот сопственик на овој луксузен автомобил, каков досега не се тркалал по тесните кратовски сокаци и калдрма.
-Убавата вест ја примив со голема возбуда и неверување, ми беше потребно време да поверувам дека токму јас сум добитникот на Порше Кајман. Со оглед на тоа дека сум добитник на најголемата наградна игра на векот, секако дека се чувствувам возбудено и пресреќно. Да бидам искрена, воопшто не се надевав дека Порше Кајман ќе биде во мои раце – ни кажа пресреќната Емилија.
Кратовчани коментираат дека кратовската населба позната како Мерак-маала е магнет за наградни автомобили. Пред неколку месеци првите соседи на Емилија Симонова добија Пежо 308 од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“. Оливер Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

aberdzija 10 godini

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска220
mod_vvisit_counterВчера6058
mod_vvisit_counterОваа недела18596
mod_vvisit_counterМинатата недела43302
mod_vvisit_counterОвој месец12158
mod_vvisit_counterМинатиот месец221684
mod_vvisit_counterВкупно12813150
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.