gogo

A+ R A-


ФОТО САФАРИ И ИЗЛОЖБИ НА УМЕТНИЧКИ ФОТОГРАФИИ ВО КРАТОВО

Денес во Кратово се одржува третиот фестивалски ден од „Малински фото-фестивал“ во организација на Фото клуб Куманово.

 

Програмата започна со фото сафари.

 

–Ова фото сафари отпочна утринава, а присутните љубители на фотографска уметност фотографираа во прекрасниот живописен предел на најстариот град на Балканот-градот на кули и мостови. Покрај тоа младите заинтересирани за фотографија имаа можност да се дружат со повеќе

alt

реномирани светски фотографи кои им ги пренесоа своето искуство и знаења од областа-изјави Жаклина Стефановска од фото клуб „Куманово“.

 

Подосна беа отворени двете клупски изложби, во Музеј на гард Кратово изложбата на Фото кино клуб „Битола“ и во Дом на култура „Лазар Софијанов“, клупска изложба на Фотографска асоцијација „Мерсин Олба“ од Турција.

 

-Со овие две клупски изложби го заокруживме годинашниот настан, кој првпат траеше три дена и опфати презентација на над 500 фотографии на десетина проекции на фотографии, меѓуклупски и самостојни изложби и промоција на млади фотографи, додаде Стефановска.

 

На четвртиот Малински фото фестивал учествуваа реномирани уметници од Турција, Србија, Полска, Италија, Иран, Киргистан и Македонија.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.