Иако со поразот од 0-7 во Кратово го завршија настапот во 1/16 финалето од националниот Куп, фудбалерите на третолигашот Братство Влазними, како и нивните 50-тина навивачи пријатно ги изненадија кратовци. Во манирот на јапонските репрезентативци од нивниот настап на Мундијалот во Русија, фудбалерите од Средно Коњаре (село меѓу Скопје и Куманово), по завршувањето на мечот ја „изгланцаа“ соблекувалната на Силекс, го собраа отпадот во кеси и на ливче хартија напишаа „Благодариме за гостопримството“.
Да не бидат покусо, и нивните навивачи, кои изразија голема лојалност и верност кон клубот, на трибините навиваа фер и коректно, без погрдни скандирања на кои сме навикнати кога прволигашки навивачки групи гостуваат во Кратово. И тие ги собраа пластичните чаши и шишиња, ги изнесоа надвор од трибините и демонстрираа навивачка култура.
Фудбалерите и навивачите на Братство Влазними во јапонски стил, го исчистија отпадот во Кратово
Најново
![]() | Денеска | 2578 |
![]() | Вчера | 3640 |
![]() | Оваа недела | 6218 |
![]() | Минатата недела | 26770 |
![]() | Овој месец | 49986 |
![]() | Минатиот месец | 138483 |
![]() | Вкупно | 22240768 |