gogo

A+ R A-


Голманот Кристијан Стоилков заплива во фудбалските менаџерски води

altФудбалската кариера ја започна како голман, а ќе ја продолжи како фудбалски менаџер. Станува збор за Кристијан Стоилков, некогашниот голман на Хоризонт Турново и младата фудбалска репрезентација, кој пред точно две години претрпе тешка повреда на главата на пријателски меч со Брегалница, повреда која сериозно му ја загрози кариерата. По двегодишна битка, Кико сеуште вредно работи на фитнес терапии, но не сака да ризикува и да се врати меѓу двата дирека. Но, без фудбалот не може да живее и затоа ќе остане индиректно врзан за оваа прекрасна игра.
-Преголема е љубовта што ја чувствувам кон фудбалската игра. За жал, поради несреќната повреда морав прерано да ја завршам кариерата. Сепак, сфатив дека без фудбалот нема да можам да живеам, па барав начин како да останам близок до овој спорт. Одлучив да се пробам во менаџерските води, бидејќи така индиректно ќе ја чувствувам возбудата што ја носи фудбалот. Можам да кажам дека последниве неколку месеци интензивно работев на случајот, па веќе имам склучено договори со менаџерски партнер-агенции и покривам пошироко подрачје на земји и клубови каде менаџерски би делувал при продажба на играчи – вели Стоилков, кој заедно со своето семејство живее во Копер (Словенија), но често ја посетува Македонија и родното Берово.alt
Порталот АБЕРЏИЈА дознава дека преку партнер-агенција, Стоилков добил влез во клубови во италијанската Serie A и B, како и во неколку клубови од англиската Премиер лига. Ги покрива и клубовите од целиот Балкан, плус Белгија и Кипар. Посебно силни врски има со словенечките фудбалски гиганти Марибор и Олимпија, каде ги искористил своите врски со Златко Заховиќ и Младен Рудоња и каде имаат доверба во она што ќе го понуди како неговата работа.
Познавајќи го големиот борец Кристијан Стоилков, воопшто не се сомневаме дека ќе има блескава менаџерска кариера.
Оливер Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.