gogo

A+ R A-


Интервју со Љупчо Голубанов- Бади, член на рок-групата „Д'Фендерс“

Преродба на рок-музиката во Кратово

пишува - Славица Јаковска

По неколку години на стагнација на рок музиката во Кратово, се случи нова преродба со формирањето на рок бендот d'Fender's. Со формирањето на бендот заживеаја ноќните свирки во Кратово за време на викендите. Бендот се состои од тројца членови: Дејан, Бранко и Љупчо. Имавме чест да позборувавме со еден од членовите на бендот, Љупчо Голубанов - Бади .

1.Од каде идејата за формирање на рок бендот ?

Идејата е од поодамна моја , а и на Дејан, главниот гитарист на бендот. Со него онака за душа свиревме неколку години, па така овој период собравме и склопивме доволно опрема за да почнеме посериозно со работите.

2.Можам да забележам дека имате доста специфично име на бендот, од каде потекнува идејата ?

Првично сакавме да се викаме КТ-ТГ, но потоа пријателите ни сугерираа за името d'Fender's. Па така нешто да бидеме бранители на добрата музика и рокот.

3.И какви се првите впечатоци на кои наидовте кај публиката ?

Првите впечатоци ако мене ме прашате дури и подобри од она што очекувавме.

4. Најчесто кои нумери се застапени на вашиот репертоар ?

Рок и поп нумери, но увидовме дека треба и покомерцијална музика да вклучиме од бившите југословенски простори, бидејќи публиката тоа го бара.

5.Има ли некоја песна која посебно допира до публиката и на која таа реагира ?

Не би сакал да издвојувам, луѓето слушаат различна музика, но ете можеби од Бјело Дугме након свих ових година“ и песните од Рибља Чорба.

6. Имате ли снимено некоја ваша сопствена песна ?

Сега за сега немаме, но работиме на тоа.

7. Каде моментално имате настапи, каде кратовчани можат да ве видат и да ве слушнат ?

Во кафе бар "Timone" за време на викендот.

8. Кои се вашите планови за во иднина ?

Да снимаме наши песни и да ги промовираме. Да го спомнам и нашиот вокал Бранко кој има неверојатно убав и добар вокал, па сметам дека со него многу подобро звучиме и ќе направиме многу убави песни. И секако ќе продолжиме со нашите свирки во кафулињата и летните бавчи.

9. Целиот тим на новинарскиот клуб на локалниот весник Аберџија ви посакува многу успеси во вашите понатамошни планови .

Ви благодарам и уште еднаш да искажам најголема благодарност на сите што не помогаат, бодрат и доаѓаат на нашите свирки .

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.