gogo

A+ R A-


Кристијан Стоилков, голман на кој му предвидуваат блескава кариера

altОд секој голем резултат и успешен спортист може да се направи интересна приказна која ќе го окупира вниманието на јавноста. Лесно е луѓето да се заинтересираат за победниците откако ќе им се сервираат интересни “пикантерии“ од животот и патот од "трње до ѕвезди" кој го поминале. Оваа приказна е направена за еден извонредно талентиран голман, чија кариера моментално е во фазата „трње“, а стручњаците му предвидуваат за неколку години да заврши со фазата „ѕвезда“. Почитувани читатели, голманот на Хоризонт Турново и фудбалската репрезентација до 21 години, Кристијан Стоилков.
Кој е Кристијан Стоилков? Кога и каде ги направи првите фудбалски чекори? Кој е човекот што ги откри твоите голмански квалитети?
Мојот фудбалски талент го откри татко ми, бидејќи во младоста и тој бил голман. Всушност, талентот го имам наследено токму од него, како мал научив од него како да паѓам и други голмански вештини. Кога веќе ја препозна мојата голманска дарба, ме запиша во фудбалската академија на ФК Малеш од Берово. Таму ги направив првите фудбалски чекори.alt

Кој е најдобриот голман во македонскиот фудбал? Имате ли светски прототип на голман кој би сакале да ви биде репер за успех?
За мене најдобар голман во македонската лига е Томе Пачовски, а би додал и добар пријател и добар човек. Има брането во многу квалитетни клубови и од него може секој многу да научи. На светско ниво, најмногу го почитував Дида, а моментално учам од Нојер и Де Геа.
altСпоред многумина фудбалот во Македонија и не е на некое завидно ниво, што мислиш според тебе зошто е тоа така?
Премлад сум за да дадам квалитетен одговор на ова шрашање. Сметатм дека културата треба да биде на највисоко ниво за развој и успех на спортот, вклучително и фудбалот, ама ние сме далеку од тоа ниво. Државата треба да вложува многу повеќе во спортот и во инфраструктурата, треба да се градат терени и спортски центри. Во Словенија, каде престојував четири години, секоја екипа има помошни терени за тренинг.Ќе ни треба многу години вложување за да заличиме на една Словенија, а за споредба со една Германија или Англија воопшто не станува збор.

Надвор од фудбалот, каде можеме да го видиме Кристијан низ град?
Слободното време го минувам со семејството, роднините и пријателите. Секогаш кога имам слободно време, го посетувам моето Берово, каде се чуствувам најубаво. Млад сум, со пријателите и другарите ги посетуваме кафетериите и местата на кои се движат младите.

Дали се живее добро од фудбалот во Македонија?
Тешко се живее во Македонија одфудбал. Исклучок се Вардар, Шкендија и Работнички, таму работат на едно попрофесионално ниво и далеку подобри се финансиски услови.Затоа и секој кому ќе му се пружи шанса, бега во Европа да ја гради својата кариера.

altКаде би сакал да ја продолжиш твојата кариера?
Моментално сум во Хоризонт Турново и давам максимум. Секако дека со менаџерот бараме заедничко решение за мој напредок, но ќе оставам тој да си ја врши својата работа, мое е да работам макотрпно и да напредувам играчки. Моја мајголема желба, кога се работи за клуб, е да застанам на голот на Црвена звезда.   автор - Оливер Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

aberdzija 10 godini

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска5999
mod_vvisit_counterВчера6550
mod_vvisit_counterОваа недела31478
mod_vvisit_counterМинатата недела40435
mod_vvisit_counterОвој месец139574
mod_vvisit_counterМинатиот месец119244
mod_vvisit_counterВкупно12172137
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.