gogo

Oki kom baner 1

A+ R A-


„Малински фото фестивал“ во Кратово, Куманово, Штип, Крива Паланка...

alt

Оваа година особена чест ни е да го најавиме јубилејното издание на „Малински фото фестивал“ организиран од страна на Фото Клуб Куманово,а воедно и да ги поканиме сите љубители на добрата фотографија. Годинава, за прв пат Малински се одржува во пет општини низ РМ, поточно во Крива Паланка, Штип, Свети Николе, Куманово и Кратово. На фестивалот, ќе има изложено околу 400 фотографии во колор и црно бела техника и ќе се појават околу 80 национални и интернационални афирмирани автори. Посебно не радува што на фестивалот повторно ќе ги сретнеме нашите драги пријатели од Полска, Србија, Турска, Азербејџан и секако од Македонија, заедно да го продлабочиме нашато пријателство, да се забавуваме и уште повеќе да ја прошириме нашата соработка. Фестивалот започнува на 21 мај во Градски музеј во Крива Паланка, со изложбата Тумба, каде што автори се членовите и курсистите на Фото Клуб Куманово. Со исто темпо, продолжуваме и наредниот ден во галеријата Безистен во Штип, започнувајќи во 19:30 часот со самостојна изложба на Коста Дупчинов од Битола, а на 23-ти мај (среда) во Свети Николе, каде ќе имаме чест да уживаме во самостојната изложба на Владимир Миличевиќ од Србија. 25-ти Мај е предвиден за Куманово, каде што ја имаме честа ние како фото клуб да кажеме нешто повеќе за проектот „За македонцката фотографија“ кој ќе влезе во историјата на македонската фотографија. За проектот ќе говорат Владимир Јовановски и Стефан Илиевски, членови на ФК Куманово. По излагањето на проектот следуваат фото проекции на Рашад Мехдиев, Мустафа Шахин, Александар Георгиев, Иван Стојановиќ, Алперен Анхарман и Ранко Ѓуковиќ. Следниот ден, 26 мај програмата започнува во 12:00 ч во Куманово со Меѓуклупската изложба Круг, која е од натпреварувачки карактер, а оваа година беше помеѓу ФК КУманово и Фото клубот „Формат“ од Чачак, кои што се покажаа како извонредни противници. Исто така, за прв пат оваа година ке имаме можност на Малински фото фестивал да проследиме фотографии од фото секцијата на учениците од ОУ Кочо Рацин, чиј ментор е Марина Крстиќ , претседател на ФК Куманово. Со самостојни изложби ќе ги проследиме Бурак Шембак од Турција и Александар Драгишевски, член на ФК Куманово. Последниот ден од програмата е предвиден за Кратово, каде што традиционално ќе имаме можност да се дружиме со нашите гости на фото сафари, како и да проследиме самостојна изложба на Ивона Кочов члан на фото кино клуб Битола и клупската изложба на универтитетскиот фото кино клуб од Бања Лука, со што и ќе го затвориме Малински Фото Фестивал. Ветуваме извонредни дела кои ќе го задоволат вкусот и на најпребирливите. Ни останува само да Ве поканиме заедно да го одбележиме јубилејот на Малински фото фестивал.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

DSCF2958

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска2674
mod_vvisit_counterВчера2540
mod_vvisit_counterОваа недела12766
mod_vvisit_counterМинатата недела20513
mod_vvisit_counterОвој месец35454
mod_vvisit_counterМинатиот месец106839
mod_vvisit_counterВкупно10514860
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.