gogo

A+ R A-


Недеља, кратовската публика очекува гол против Работнички!!!

altИгор Недељковиќ сигурно е еден од најдобрите играчи во редовите на Силекс, ако не и најдобриот. Втор е на листата на стрелци во македонското првенство со 12 погодоци, а убедливо прв во редовите на Силекс пред Каланоски (5) и Филиповски (4). Она што боде очи е дека српскиот напаѓач повеќето голови ги постигна во есенската полусезона, а пролетва затаи реализацијата. Зад него има голем број асистенции, направени пенали, повлекува и по два играчи врз себе отварајќи простор за игра на останатите играчи, но недостигаат голови. Недељковиќ ни призна дека веќе седум кола нема погодок и дека е време да се прекине тој пост.
Да потсетиме, минатиот викенд го предизвикавме Јован Кастратовиќ и Игор Филиповиќ да направат „сефте-гол“ во дресот на Силекс, и токму тоа се случи на мечот против Брегалница. Сега ќе испорачаме нова провокација до Игор Недељковиќ, му поставуваме нов предизвик, го повикуваме да ја тресе мрежата на Божиновски (Шишковски). Да ја заврши сезоната во голем стил, со ревија голови и да ја мине „кота 15“, пред да му посакаме успешен трансфер во голем клуб. А понуди има од сите страни, со многу нули во себе, останува само да распали Недеља во последните неколку кола и да си ја зголеми цената за уште една „нула“.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

aberdzija 10 godini

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска27
mod_vvisit_counterВчера6042
mod_vvisit_counterОваа недела31548
mod_vvisit_counterМинатата недела40435
mod_vvisit_counterОвој месец139644
mod_vvisit_counterМинатиот месец119244
mod_vvisit_counterВкупно12172207
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.