gogo

A+ R A-


Одлична вест за младите, од понеделник се враќа ноќниот живот

Кафулињата и рестораните ќе можат да работат и до полноќ во работни денови, а до 1 часот по полноќ за време на викенд.

Практично, тие си го враќаат претходното редовно работно време.

Оваа одлука за продолжување на работата на угостителските објекти само што поминала на владина седница.

„Донесена одлука за продолживање на работното време на угостителските објекти до полноќ во работни денови и до 1 часот после полноќ за време на викендот“, напиша на фејсбук  министерот за економија Крешник Бектеши.

Одлуката ќе стапи на сила кога ќе биде објавена во Службен весник, а според нашите извори тоа ќе биде најверојатно понеделник.

Како што е познато, угостителските објекти сега смеат да работат до 22 часот.У Княгининку – дискотека для дорослих - Район Луцьк

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.