gogo

A+ R A-


Одложено судењето на дедо Љубе, старецот верува во правда (ВИДЕО)

altОсновниот суд во Куманово донесе одлука судењето на дедо Љубе да се одложи, откако адвокатите побараа да се повтори истрагата за точно да се утврди што се случило во критичната ноќ, кога старецот и неговата сопруга биле нападнати во нивниот дом во во кратовското село Којково.

Дедо Љубе (Љубoмир Митев) е обвинет дека сторил три кривични дела - убиство во миг, убиство во обид и неовластено држење оружје.

Според адвокатот Христијан Георгиевски од Куманово, предлогот на одбраната бил внимателно разгледан од Кривичниот совет, по што бил усвоен и постапката ќе се врати во фаза на истрага.

„Одбраната сметаше дека постојат сè уште битни факти кои треба да се утврдат, а од кои зависи самото обвинение и неговото подигнување, вклучувајќи ја тука и правната квалификација. Овој предлог беше внимателно разгледан од Кривичниот совет, беше усвоен и постапката ќе се врати во фаза на истрага“, рече адвокатот Георгиевски.

Инцидентот се случи пред две години (на 27 февруари 2013 година), кога во домот на Љубoмир Митев и неговата сопруга, според кажувањата на дедо Љубе, ги нападнале двајца разбојници кои ги измачувале и сакале да ги ограбат. Но, дедо Љубе успеал да се ослободи и застрела еден од натрапниците.

Првото рочиште беше одложено бидејќи дедо Љубе немаше определено законски бранител, по што преку социјалните мрежи почнаа да се јавуваат голем број адвокати, за кои предметот на дедото од село Којково беше предизвик. Семејството и дедо Љубе ги ополномоштија адвокатите Христијан Георгиевски од Куманово и Жарко Стефановски од Прилеп.

видео - Кумановски муабети

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.