gogo

A+ R A-


Парадокси: Во Кратово има малку деца, но дава најголем број учесници на Опен фан школите

Канцеларијата на Отворените забавни фудбалски школи во Македонија со своите соработници од општините, кои земаа учество, вчера ги заврши следните забавни школи и тоа во Крива Паланка, каде земаа учество 210 деца, Кавадарци со вкупно 185 ученици, општина Ѓорче Петров со 205 ученици, Валандово 90 деца, Кратово со најмногу број на деца учесници дури 230, Македонска Каменица со 95 и Радовиш со 192 деца – ученици. Вкупно досега се реализираа 7 школи со вкупно 1207 учесници, што е преседан за целиот проект, а во рамки на школите беа присутни 79 тренери и лидери, од кои 48 мажи и 31 жени тренери. Исто така беа присутни 72 асистенти тренери, кои им помагаа на тренерите за време на школите.

Преостана да се одржат уште 4 школи, кои ќе бидат реализирани до крајот на овој месец во општина Струмица со 200 учесници, оштина Гази Баба со 450 учесници (општината, која беше зафатена од поплавата во август. Од ова подрачје ќе бидат вклучени сите деца, кои учат во училиштата, кои беа погодени од поплавите), потоа се планира школа во Гевгелија до 90 учесници и во Зрновци со 60.

aaa

Овие школи низ Македонија се реализираа во текот на летово веднаш по одржувањето на двата регионални семинари за лидери и тренери во хотелот Јуниор-Копаоник, Србија на кој земаа учество околу 120 тренери и лидери од балканските земји (Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Србија ) и во хотел ОК-Призрен, Косово на кој учествуваа 90 тренери, лидери и координатори на балканските земји (Македонија, Црна Гора, БиХ и Косово). Планот беше да се одржат 50 отворени забавни школи во сите земји, каде се реализираше програмата на ЦЦПА „Отворени Забавни Фудбалски Школи“. Во Македонија беа планирани и се одржаа 10-12 школи, согласно програмата.

„Нашиот концепт на реализација на школите им даде можност на сите деца кои сакаа да учествуваа да се пријава во локалните средини кај своите наставници – тренери, притоа водејќи сметка за рамноправна етничка, верска и полова застапеност да поминат 5 дена исполнети со спорт, дружење, забава и социјализација. Оваа година во Македонија во школите земаа учество околу 2000-2200 деца, кои секоја година со нетрпение очекуваат овој проект за започне, и да спортуваат, забавуваат, другаруваат, запознавајки нови игри, нови другарчиња со кои и понатаму ќе контактираат во секојдневниот живот. Игрите кои на децата најмногу им се допаѓаат се: играње на фудбал, потоа игри со јаже, брканици, штафетни игри, игри со хулахопи… Искуствата покажуваат дека Отворените Забавни Фудбалски Школи се одлично прифатени во сите средини-општини со кои нашата организација има склучено договор за соработка се со цел на децата да им се понудат нови спортско-забавни содржини на отворени простор, на што сите заинтересирани страни се задоволни. За време на одржување на школите  беа реализирани работилници со родители на кои им се укажуваше важноста од редовното практикување на спорт и рекреација на нивните деца, со што ќе се отргнат од модерните пороци на 2 век (компјутери, таблети, смарт телефони) а повеќе време на отворен простор притоа секојдневно едуцирајќи се за здрав начин на живот, здрава исхрана, лична хигиена… вели Дарко Стојкоски, координатор за Македонија.

acc

Инаку, вкупно 10 000 илјади деца на возраст од 7 до 14 години беа соединети во „Отворени забавни школи за фудбал“, кои во втората половина на август се одржа едновремено во Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Црна Гора и Косово. Овој хуманитарен проект под името „Отворени забавни школи за фудбал“, кои ги организира данската невладина организација ЦЦПА (Cross Cultures Project Association) претставува начин како преку забавни игри и педагошки забавен фудбал да се стимулира помирувањето, приближувањето и градењето на мирот помеѓу различните етнички заедници.

Школите за забавен фудбал се организирани од лидери и тренери – волонтери, кои се едуцирани за работа со деца на посебни семинари, кои се одржуваат и на ниво на секоја земја и на регионално ниво.  

Овој проект започна уште во 1998 година во поствоена Босна и Херцеговина, а денес заживеа, речиси во сите земји од поранешна Југославија и уште во 15 земји на Блискиот Исток, Кавказ и Африка.

Проектот на Балкан го финансира УЕФА, како и локалните заедници, учеснички во проектот. Исто така, значајна поддршка е остварена и со надлежните фудбалски куќи, низ развојот на проектот „Grassroots Football” во земјите на Балканот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.