gogo

A+ R A-


Роди ме мајко, нотар да бидам! Нотарите заработувале милионски суми во Македонија

http://svedok.org.mk/uploads/records/image/%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B8-2.jpgНа сметките на дел од нотарите кои работат во Македонија, во последните 5 години се слеале повеќе од 90 милиони евра приходи и добивки од над 40 милиони евра, покажуваат податоците од Централниот регистар.

Нотарката, Анета Петровска Алексова, четири години е прва на листата на нотари со најголеми приходи, додека лани се наоѓа на трето место според висината на остварените приходи. Па така, за последните пет години нејзините приходи изнесуваат 2,8 милиони евра, додека пак добивката изнесува 1,2 милиони евра.

Според податоците од Централниот регистар на Македонија во последните пет години на листата на нотари со најголеми приходи најчесто се појавуваат истите имиња.

Исто и нотарката Ана Брашнарска, во сите пет години назад се наоѓа на листата на „Десет нотари со најголеми приходи во последните пет години“. Па така, нејзините вкупни приходи за пет години изнесуваат 2 милиони евра, а нејзината добивка е 1,2 милиони евра.

Потоа нотарката Анастасија Петреска во сите пет последни години се наоѓа на листата топ десет по приходи, нејзините вкупни приходи за пет години изнесуваат 1,9 милиони евра а добивката 1,2 милиони евра.

Потоа и Елена Пенџерковски за пет години има вкупни приходи од 1,4 милиони евра а добивка од 381 илјади евра. Нотарот Зафир Хаџи Зафиров четири години е на листата „Десет нотари со најголеми приходи за последните пет години“. За тие четири години неговите приходи изнесуваат 1,7 милиони евра а добивката 697 илјади евра.

Нотарката Зорица Пулејкова, исто така четири години, се наоѓа на листата на „Десет нотари со најголеми приходи за последните пет години“. Нејзините вкупни приходи изнесуваат 1,2 милиони евра а добивката 533 илјади евра.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

aberdzija 10 godini

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска206
mod_vvisit_counterВчера6042
mod_vvisit_counterОваа недела31727
mod_vvisit_counterМинатата недела40435
mod_vvisit_counterОвој месец139823
mod_vvisit_counterМинатиот месец119244
mod_vvisit_counterВкупно12172386
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.