Шлегово - село кое пропаѓа, но плени со својата убавина
Селото Шлегово се наоѓа во севороисточниот дел на Македонија во подножјето на планината Плавица во Осоговскиот регион. Истовремено припаѓа на кратовско-злетовска вулканска област. Административно, пак, селото припаѓа на Општина Кратово, сместено е во нејзиниот јужен дел на 3,5 километри оддалеченост од Картово и на 13 километри од општина Пробиштип. Шлегово е лоцирано на самиот пат Кратово-Пробиштип, кој го дели селото на два дела познати кај мештаните како Горно и Долно маало. Сепак, ова село е од збиен тип. Најниска надморска височина е 594 метри, додека највисоката точка е планината Плавица со 1.297 метри.
Најново

![]() | Денеска | 4557 |
![]() | Вчера | 3811 |
![]() | Оваа недела | 20027 |
![]() | Минатата недела | 20253 |
![]() | Овој месец | 86333 |
![]() | Минатиот месец | 102633 |
![]() | Вкупно | 22379748 |


Во науката преовладува мислењето дека името на селото Шлегово потекнува од германскиот збор шлег - што означува чекан. Познато е дека во средниот век во овие простори се населиле германските племиња Саси и Шлези кои биле многу вешти во обработка на рудата. 














