gogo

A+ R A-


Сите на футсал, КМФ Кратово го сака „скалпот“ на лидерот КМФ Велес

Утре (четврток, 18.30) ќе биде фудбалски празник во Кратово, доаѓа првопласираниот на табелата КМФ Велес, главниот претендент за титулата во  футсал-првенството. Атмосферата полека зоврива, цел град зборува за овој меч кој се чека со голема доза на адреналин во крвта, со огромна желба да му се нанесе првиот пораз на фаворитот. Познато е дека кратовци се „убијци“ на фаворити, впрочем во есенскиот дел во Кратово падна и шампионот Шкупи, па зошто не би паднал и Велес, велат голманот Зоки Јакимовски и повратникот Горан Арсовски, познати како „тандемот за големи победи“.
Исходот од мечот никој не може да го прогнозира, но јасно е дека градската сала утре ќе биде премала да ги прими сите оние кои ќе дојдат да уживаат во спортското надигрување.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.