gogo

A+ R A-


СПЕКТАКЛ во август, најавен концерт на Цеца Ражњатовиќ во Пробиштип

Ова лето, Аква Парк Пробиштип ќе го одбележи својот јубилеј – 10 години АКВА ПАРК ПРОБИШТИП, со спектакуларен концерт на најголемата балканска ѕвезда, дивата Светлана ЦЕЦА Ражнатовиќ.

Аква паркот за прв пат ги отвори своите врати за посетители на 20 Август 2011 година и за кратко време успеа да стане актуелно собиралиште што ја редефинира колективната забавна содржина, урбано обележје што понуди одново заживување на градот Пробиштип кој со децении беше во мирување.

21 Август, Аква парк Пробиштип го прославува својот десетти роденден со концерт на балканската поп-фолк дива Цеца, а ќе настапат Јоце Панов и Ѓоко Јовиќ со Енерџи бенд. Најавуваме целовечерно музичко шоу со најголемите балкански хитови и многу изненадувања.

Аква Парк Пробиштип, од своето спектакуларно отворање со Paul Van Dyk, организираше бројни настани, од водени лудории до чоколаден базен, пена парти и музички концерти и забави на најпопуларните балкански музички имиња од земјава и странство.

Аква паркот се простира во подножјето на Осоговските планини, на површина од 18 000 м2. Нуди широкиот спектар на атракции на вода надополнет со терен за одбојка, забавни содржини за најмладите, ресторани и барови за сечиј вкус, продавница за сувенири.

Билетите и резервациите ќе бидат пуштени во продажба од 4 Јули во 10ч. преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, White Horse Skopje и на билетарата на Аква паркот.Ceca Ražnatović u Prilepu srušila rekord sa Ušća | Slika 1

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija 10 godini

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска2876
mod_vvisit_counterВчера6365
mod_vvisit_counterОваа недела9241
mod_vvisit_counterМинатата недела42976
mod_vvisit_counterОвој месец37151
mod_vvisit_counterМинатиот месец164894
mod_vvisit_counterВкупно16264738
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.