gogo

A+ R A-


Внимателно со бугарската ракија, полна е со отрови

http://regioni.mk/wp-content/uploads/2012/12/%C3%91-%C3%90%C2%B8%C3%90%C2%BA%C3%90%C2%B2%C3%90%C2%B5%C3%91-%C3%90%C2%B8%C3%91-%C3%90%C2%B0-%C3%91-%C3%90%C2%B0-%C3%90%C2%BC%C3%90%C2%B8%C3%91-%C3%90%C2%B8%C3%91-%C3%90%C2%B0-%C3%90%C2%BD%C3%90%C2%B0_%C3%91-%C3%90%C2%B0%C3%90%C2%BA%C3%90%C2%B8%C3%91-%C3%90%C2%B0.jpgБугарската домашна ракија е отровна, полна со цијанидна киселина, тешки метали и алдехиди, пишуваат бугарските медиуми, а пренесува Дневник. Освен овие состојки, во неа има и метилалкохол, кој при консумирање ги труе сите што ја пијат. Oва е втор удар за бугарското лозарство откако бугарската влада дозволи во нивното вино годинава да се додава вештачки шеќер. Македонските експерти велат дека ова беше очекувано ако се знае дека наместо од грозје, ракија се произведува од суров шеќер. Професорите од Факултетот за земјоделство и храна во Скопје велат дека кај нас нема потреба од паника, бидејќи и покрај лошото време, годинава ќе има добра ракија. Овде за нејзино производство се користи само грозје, а не расипана зимница и скиснато овошје.

Бугарските медиуми пишуваат дека по слабата берба на грозје кај нив, казаните за варење ракија се преполни со скапано грозје, мувлосани стари мармалади и слатка, скиснати компоти и згора на тоа многу суров шеќер. Инспекциските служби ги прочешлале пазарите и земјоделските дворови и утврдиле дека во ракијата што е тазе печена има с` освен чист природен алкохол.

Ракија од гнило овошје

- Од 50 милилитри може и нема да умрете, но подобро воопшто не ги пијте. Фрлете ги пијачките со време бидејќи при варењето ракија многу важна е квалитетна суровината. Но тоа бугарските фармери не сакаат да го научат. Во казаните ставаат секакви секундарни суровини, гнило овошје пребогато со метанол. Но не е само тој штетен. Kај овошните ракии меѓу токсичните состојки е цијановодородна киселина, која во минатото била користена за хемиско оружје - велат во Националниот институт за истражување вино и алкохолни пијалаци во Бугарија.

Професор Звонимир Божиновиќ од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје вели дека ова отровна ракија е последица на одлуката да се дозволи во производството на вино да се додаде шеќер, но дека кај нас вакво нешто не може да се случи.

- Kај нас ракијата се произведува исклучиво од гроздови комиња. Додавањето шеќер е строго забрането со закон. Ракијата е добра, здрава, во неа нема додатоци и е многу различна од бугарската. Ова е голем удар за бугарската ракија. Со додатокот на шеќер бугарските вина ќе бидат со послаб квалитет, а наместо ракија ќе се добие алкохолен пијалак што ќе наликува на неа. Со додавање на шеќерот се губи и квалитетот, но и цената - вели Божиновиќ.

Може да се умре и од 20 милилитри ракија

Според бугарските медиуми, меѓу токсичните супстанции се и естероалдехидната фракција, како и т.н.. алкохол С3 и С5, во кои се собираат ацетилалдехиди и етилацетати.

- Во ракијата има над 100 соединенија, а во домашната соодносот меѓу алкохолите е во корист на опасните, бидејќи руралните казани не ги одделуваат т.н.. високи алкохоли, кои се штетни. Затоа од некои ракии се умира и од 20-50 мл, бидејќи се коктели од метанол, цијанидна киселина - објаснува професор Марин Маринов од Универзитетот за прехранбени технологии во Пловдив.

Џендо Џендов од бугарската визба „Црноморско злато“ вели дека фармерите прават две големи грешки при домашното варење. Првата е квалитетот на суровината, а втората - методот на варењето.

- Главната разлика помеѓу ракијата од селскиот казан и произведената во винарница е што ние правиме ракија од грозје, а во домашни услови се ставаат секакви плодови и што уште не. Второто е одделувањето на фракции. Домашните казани не можат да ги одвојат високите алкохоли кои се штетни. Kонтролата на ферментацијата е исто така важна, а на село нема услови тоа да се прави - вели технологот.

- Многумина сметаат дека ако е од домашно производство, ракијата е подобра. Но грешат, бидејќи технологијата на варењето е примитивна.Приватните производители носат примероци за испитување на ракија, но заинтересирани се главно за тоа колку има метанол - велат бугарските експерти.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.