gogo

A+ R A-


Во понеделник започнува со работа фитнес-центарот „Monster Gym“

altДолгоочекуваниот фитнес-центар „Monster Gym“ во Кратово во понеделник (13 октомври) започнува со редовна работа. Сите вљубеници во бодибилдингот и фитнесот  ќе можат во просториите над ресторанот „Персидо“ на улица „Страхил Досев“ бр.13А да вежбаат во теретана опремена со 15 до 20 справи за секој дел од телото, професионално изработени и со валиден атест. Уписите се во тек, а цената за еден месец ќе биде 450 денари.

Фитнес центарот “Monster Gym” во Кратово воведува нови стандарди во областа на фитнесот и релаксацијата и е пред се наменет за луѓе со посебен животен стил кои сакаат во позитивна атмосфера да ја обноват својата енергија, здравје, кардиоваскуларен систем, мускулен тонус и целокупната психофизичка кондиција.

Работното време на фитнес-центарот ќе биде од 08-22 часот седум дена во неделата.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.