gogo

A+ R A-


Волшебниот свет на животните низ фотообјективот на Горан Анастасовски

altНеговите фотографии, на кои се прикажани животните од Зоолошката градина во Скопје, Нешнал џиографик неколкупати ги прогласуваше за фотографии на неделата, а беа објавувани и во рубриката "Дејли доуз". Кога ги гледате неговите фотографии, имате чувство дека сте во дивината и дека животните од фотографиите се проѕеваат, се тепаат и се сакаат пред вашите очи. Таква експресија има на нивните лица што човек ќе помисли дека за да се направи толку моќна фотографија биле потребни недели. Горан Анастасовски е „виновникот“ што стои зад овие мали уметнички дела. Леопарди, тигри, лавови, мајмуни, мечки, рисови, срни, волци, но и птици и портрети на природата - неговите фотографии се толку моќни што и Нешнал џиографик неколкупати ги прогласуваше за фотографии на неделата.
- Од 2006 година почнав активно да фотографирам. Во фокусот главно ми се природата и дивиот животински свет. Истата година моја фотографија беше објавена на цела страница во престижното списание за фотографија „Дигитал камера ворлд“. Така почна сѐ. Мотивацијата ми стана уште поголема, а фотографирањето ми стана хоби и опсесија. Следната година истото списание ми објави уште една слика - раскажува Анастасовски, инаку кратовчанец по потекло.
Фотографија на Anastasovski Goran.

Фотографија на Anastasovski Goran.

Фотографија на Anastasovski Goran.

Фотографија на Anastasovski Goran.

Фотографија на Anastasovski Goran.

Фотографија на Anastasovski Goran.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.