gogo

A+ R A-


Практични совети како да ја доживеете стотата година

Сакате да живеете до стотата? Клучот за долговечност не е врзан само за исхраната. Нациите кои живеат во Европа, Латинска Америка, Азија и Америка имаат најмногу стогодишници на светот. На овие простори има и социјални кругови кои ги принудуваат луѓето да се однесуваат и да живеат здраво. Тие имаат време за да се ослободат од стресот. Тие се често дел и од религиозните кругови. Посветени им се на своите семејства.

Важно е сите овие луѓе што точно ставаат во својата уста, колку изнесува количински сето тоа и во кои временски периоди од денот. Истражувач од National Geographic, Ден Бутнер, тргнал кон тој предизвик во 2000-тата година. Тој го открил животниот стил на долговечноста и го напишал во книгата "The Blue Zones".

alt


Зошто е важно да посветиме поголемо внимание на исхраната на луѓето во таканаречената Сина зона? Нивните традиционални диети се таму каде што се, пред американците да ја откријат масната и брза храна.

Луѓето во Сината зона имаат намален ризик за заболување од срцеви болести и дијабетес. Тоа укажува дека тие прават нешто што е апсолутно исправно.

Што е заедничко за сите нации од Сината зона?

1. Престануваат со внос на храна кога желудникот им е веќе 80 отсто полн, за да го избегнат дебелеењето.

2. Јадат помали порции во попладневните часови и навечер.

3. Јадат главно зеленчук, особено грав. Ретко јадат месо, најчесто во мали порции.

4. Алкохол пијат многу ретко, и тоа најмногу една до две чаши на ден.

Икарија, Грција

alt


Истражувачите на здравјето долго се потпирале токму на медитеранската диета. Таа помага во развој на мозочните клетки и подобрување на општата физичка состојба. Исто така, ги отстранува хроничните болести. Во Егејското море, на островот Икарија, владее посебен режим на исхрана. Што е тоа што чини овој начин на исхрана да е толку уникатен?

- Нивната традиција во подготовката на исхрана влијае на долговечноста, вели Бутнер.

Бутнер вели дека овој режим на исхрана се издвојува по тоа што јадат доста компири, мед, мешунки, зеленчук, овошје, малку риба и пијат многу козјо млеко. Уште некои од нивните намирници за долговечност се и фета сирењето и лимонот. Билките како што е жалфијата ги консумираат низ чај.

Што е она што ги издвојува од остатокот од Грција? Тие не внесуваат толку јагнешко месо и риба. Тие јадат јарешко месо, но исклучително ретко.

Окинава, Јапонија

alt


Бутнер ги нарекува островите Окинава уште и "Јапонски Хаваи", поради атмосферата, плажите и фантастичното време. Во Окинава живеат најмногу стогодишници.

Нивната традиција околу исхраната не се променила многу уште од средниот век. Тие практикуваат секој ден да консумираат барем нешто од морето и нешто од земјата. Помеѓу нивната храна за долговечност најчесто се наоѓаат гојата, тофуто, лукот, кафениот ориз, зелениот чај и шитаке печурките.

Сардинија, Италија

alt


На овој преубав остров во средиштето на Медитеранот, жените и мажите подеднакво ја доживуваат стотата година. Ова е необично затоа што на останатите места на земјата, на пет жени, само еден маж доживува таква долговечност.

Бутнер напоменува дека на Сардинија ја препишува долговечноста на чистиот воздух, домашното вино и водењето на љубов. Но, Бутнер "копал" и малку подлабоко. Тој открил дека овчарството е исклучително многу развиено на овие простори.

Што консумираат тие? Најчесто козјо млеко и овчо сирење. Освен тоа, на нивното дневно мени често се наоѓа едно тенко парче леб, кисело тесто и јачмен. А за да го балансираат сето тоа, јадат домати, бадеми и боранија. Исто така изработуваат и вино од Гренаш грозје.

Лома Линда, Калифорнија

alt


Луѓето во Лома Линда практикуваат "библијска" диета базирана на зрнеста храна, овошје, коскесто овошје и зеленчук. Тие пијат само вода.

Шеќерот тука е табу тема.

- Инаку сум против шеќерите, освен природниот кој се внесува преку овошјето. Никогаш не консумирам преработени шеќери и пијалоци кои содржат шеќер, изјавил еден од жителите на Лома Линда.

Главни намириници им се авокадото, лососот, соиното млеко и целите зрна од житарки.

Полуостровот Никоја, Коста Рика

alt


Бутнер пишува дека најголемата тајна на Никојанската диета се состои од три клучни нешта: грав, пченка и тиква. Тие три состојки плус папаја, банана и праски се главно "гориво" за тамошните стогодишници.

извор - Точка

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.