gogo

A+ R A-


Волонтери на Црвен крст и општината поделија 300 заштитни маски во Крива Паланка

Триста заштитни маски денеска бесплатно им беа поделени на жителите на Општина Крива Паланка.

Маските ги обезбеди локалната самоуправа на општината, а маските ги поделија волонтери на оштинската организација на Црвен крст Крива Паланка и вработени во комунално-редарската служба при општината, со асистенција на вработени од МВР.

– Активноста се спроведе по препорака на штабот за заштита и спасување на Општина Крива Паланка, а нашите мобилни волонтерски тимови и комуналните редари во Одделението за инспекциски надзор во општината помогнаа во реалзиацијата. Се делеа маски на граѓаните на најфреквентните локации во градот, пред аптеките, банките, банкоматите, пред трговските објекти, пред поштата, на местата каде во овој период од денот, пред такси стојалиштата, од утрината до пладне гравитира најголема маса луѓе, изјави Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка.

Истовремено, на сите граѓани им беа дистрибуирани информативни флаери за превенција и заштитна опрема на вработените во институциите на подрачјето на Општина Крива Паланка, со цел подигнување на колективната свест за превенција и спречување на ширењето на Ковид-19. Волонтери на Црвен крст и општината поделија 300 заштитни маски во Крива Паланка - МИА

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija 10 godini

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска955
mod_vvisit_counterВчера5268
mod_vvisit_counterОваа недела6223
mod_vvisit_counterМинатата недела39506
mod_vvisit_counterОвој месец149894
mod_vvisit_counterМинатиот месец170051
mod_vvisit_counterВкупно13528379
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.