Драги мои другари и другарки!
И денес сакам
да ве поздравам
со моите стихови
и да ви посакам
убав ден.
Добредојдовте,
да се дружиме
и во ова лето Господово!
Животот тече, трае,
нека трае,
радувајте се,
на секој нов ден,
на сонцето,
на природата,
на цвеќето,
на сите убавини,
на здравјето,
нека Бог ги благослови сите
и нас и наши чеда!
И во ова лето Господово
имајте многу здравје
и убави денови,
да сме живи и здрави и благословени,
со верба и надеж
да го дочекаме
и новото 2024
лето Господово!
СО ПОЗДРАВ ВАША ДАРЕ
ГЕНЕРАЦИЈА 72 (51 година од матура)