17-годишниот Стефан Ангеловски го фати богојавленскиот крст во Кратово. Крстот беше фрлен во осветените води на градскиот базен во Кратово, пред повеќе од илјада верници. По крстот скокнаа 20-тина момчиња, а најсреќен меѓу нив беше Стефан, инаку ученик во кратовската гимназија.
Општината Кратово и градоначалникот Мите Андоновски му подарија ЛЦД телевизор.