gogo

A+ R A-


19.11.2010

Е-пошта Печати PDF

Ден на дрвото, епизода 6, засадени 7 милиони садници

пишува - Оливер Арсовски

Кратово, Скопје, Битола, Гевгелија, секаде низ Македонија по шести пат се садеа дрвца, се раззеленуваше земјава. Свој придонес во акцијата дадоа и граѓаните на Кратово, кои садеа на локација во с.Туралево. На местото каде се садеше, околу 10 часот пристигнаа и министерот за земјоделство Љупчо Димовски, кратовскиот пратеник Марјанчо Колевски и градоначалникот Мите Андоновски, кои засадија неколку багремови садници.

Премиерот Никола Груевски за медиумите потврди дека есенва ќе се засадат 7 милиони садници, а акцијата ќе чини околу 70 милиони денари. Досега во сите акции се засадени околу 20 милиони садници.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.