gogo

A+ R A-


20 септември 2011 (вторник)

Е-пошта Печати PDF

Покана до граѓаните на Кратово за учество во втората форумска сесија од програмата „Форуми во заедницата“

пишува - Оливер Арсовски

Кратово е една од 12-те нови општини кои се избрани за учество во програмата „Форуми во заедницата“. Целта на програмата  е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Форумските сесии ќе се одвиваат во периодот септември 2011 – декември 2012, а програмата е финансирана од Швајцарската aгенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС. За реализацијата на проектот кој ќе го одберат учесниците на форумот, нашата Општина обезбеди 2.400.000 денари, а со истата сума ќе партиципира и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Втората форумска сесија ќе се одржи на 20 септември, во холот на средното училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово, со почеток во 13.00 часот.



Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.