Изложба „Оживеани плодови“ и театарска претстава со врвни актери
пишува - Оливер Арсовски
Оваа недела во градинката „Царка Андреевска“ во Кратово се случуваа низа активности на задоволство на малите дечиња на кои денот им поминува во оваа институција. Повеќе од двеста граѓани, претежно родители и баби и дедовци, ги видоа уметничките креации на своите деца и внуци, кои изработија разни творби од есенски плодови. Десетици килограми компири, дуњи, јаболки, тикви и друго овошје беа материјалот од кој децата изработија кловнови, авиончиња, убавици, желки, ежови и други форми, развивајќи ја својата имагинација и вештина.
Покрај изложбата, децата денеска (петок) беа сведоци на театарската претстава за деца во која врвните македонски актери Магдалена Ризова, Борче Начев и Марина Поп-панкова ги забавуваа кратовските дечиња.