Еколошка едукација во македонскиот образовен систем
пишува - Емилија Симонова
Со стартот на оваа учебна година, Министерството за образование и наука воведе еколошка едукација како интегриран процес во македонскиот образовен систем. ООУ,,Кочо Рацин’’-Кратово годинава ќе започне проект за подигнување на еколошката свест кај учениците. Со овој проект е предвидено да се развие свеста кај младите луѓе за заштита на животната средина, а крајната цел е ЕКО-УЧИЛИШТЕ.Во рамките на овој проект ќе работат активно тимови кои ќе реализираат низа активности, секако, со ангажираност на учениците. Сите активности кои се предвидени со овој проект ќе бидат имплементирани во сите наставни предмети.Дел од тие активности се:
-заштеда на електрична енергија и нејзино рационално користење; заштеда на вода; -акција на собирање стара хартија и пластични шишиња -садење на цвеќиња и уредувње на училишниот двор; -поставување на корпи во училишниот двор;
Сакаме да преуредиме, да исфрлиме се што ни е непотребно, да се ослободиме од она што ни претставува вишок. Сакаме да исчистиме, да изградиме, да се пофалиме со убавините на естетското, чистото, уреденото. Сакаме да ја постигнеме крајната цел - Еко- училиште.
Се надеваме дека ќе имаме поддршка и успешна соработка со домашни и странски организации со помош на локалната самоуправа.