На добрите луѓе никогаш не им е доста кога се во прашање добрите дела. По хуманитарната акција за 13-годишниот Давид Стојановски, кој пред три дена се оперираше во Виена, време е за нова акција, за уште една хумана мисија. Борба за живот на малото двегодишно ангелче Лука Јовановски. Ова мало детенце, чии родители се по потекло од кратовско, а живеат во Мралино, му е потребна нашата финансиска помош. Неодамна му е дијагностицирана злокобна болест, малиген тумор на окото. Се работи за редок вид рак, RETINOBLASTOMA, кој успешно се лекува во Истанбул, но операцијата чини 20.000 евра. Во прашање не е само видот на Лука, во прашање е штотуку започнатиот живот на детето кое заслужува уште еднаш да направиме мал духовен подвиг, да демонстрираме хуманост и милосрдие.
Сметка за донација: 380176980603113
Име и презиме: Игор Јовановски (татко на Лука)
Прокредит банка
Контакт број: 075-215-539
АПЕЛ ЗА ЛУКА: Tвоето око пак ќе гледа, туморот заеднички ќе го победиме!!!
Најново

![]() | Денеска | 5067 |
![]() | Вчера | 3833 |
![]() | Оваа недела | 13840 |
![]() | Минатата недела | 25319 |
![]() | Овој месец | 88641 |
![]() | Минатиот месец | 93605 |
![]() | Вкупно | 22584733 |


















