Деветта година по ред како Општина Пробиштип ја реализира манифестацијата „Берење на бадникови гранчиња“, а во очи на нашиот најголем верски празник, Христовото раѓање - Божиќ. Од минатата година кон оваа традиционална манифестација се придружија и граѓаните од општина Кратово, на заедничка прослава на место викано „Жгури“, токму на границата помеѓу овие две општини со музика, оро и песна се најавува раѓањето Христово.
Годинава паричката падна кај Горан Стоилковски и Паунка Данова.