gogo

A+ R A-


Бајага, Кајмакоски, Елена, Куку Леле дел од програмата „Златни денови 2015“

Е-пошта Печати PDF

Златните  Денови и ова лето по втор пат, ќе го внесат звукот на македонската музика и мирисот на добрите вибрации  во Кратово, градот на мостовите и кулите. Овој настан обединува, зближува и ја поддржува македонската музичка естрада и сцена, а овој јуни познати македонски и балкански музички ѕвезди ќе ги развеселат Кратовчани, но и сите љубители на музиката и добрата забава.

http://hitportal.com.mk/wp-content/uploads/2013/08/hitportal-bajaga.jpgВо времетраење од 3 дена, од 26ти до 28ми јуни 2015 година, во Кратово ќе се случува вистински музички спектакл. Во текот на овие три дена, сите правци ќе водат кон кратовската калдрма, кон градот кој плени со музика, позитивна енергија и многу познати музички имиња кои никого нема да го остават рамнодушен со тоа што ќе го покажат на сцената.http://vistina.mk/wp-content/uploads/2014/03/kajmakoski.jpg

Богатата програма за овогодинешната манифестација ќе ги задоволи дури и најпребирливите музички вкусови. Во Кратово ќе се случува вистински јунски музички бум, кој на едно место ќе ги собере најпопуларните музички имиња и најпознатите македонски ДЈ-и.

„Општина Кратово и ова лето ќе биде домаќин на многу музички имиња, кои ќе ја разиграат  атмосферата во осоговскиот регион. Многу ми е драго што овој настан преминува во годишна летна традиција, која што пројавува заинтересираност не само кај Кратовчани туку и кај посетители од другите градови од Македонија. Сите љубители на музиката ги поканувам да се забавуваат со познатите музички ѕвезди, омилени кај народот, а воедно да уживаат и во убавините на овој древен – историски град. Со оддржувањето на оваа манифестација втора година по ред се потврдува фактот дека Кратово станува се попривлечна дестинација која освен културно – историското и природно богатство нуди  и богата културно – уметничка и забавна програма со  што дополнително се зголемува развојот на туризмот во овој регион,“ изјави Мите Андоновски, Градоначалник на Општина Кратово.

Првиот ден од Златни Кратовски Денови 2015 ќе започне на главната бина од 20:30 до 22:30 часот како вечер посветена на неповторливиот македонски народен пејач, Јонче Христовски, чии песни ќе бидат изведувани од страна на Виолета Томовска, Јордан Митев, Атина Апостолова, Ефто Пупиновски и Блага Петреска. Истите ќе бидат придружувани од оркестарот Академци под водство  на маестро Сашо Ливрински.

http://vecer.mk/files/article/2015/05/31/271092-makedonska-vecher-so-chalgija-saund-sistem-na-offest.jpgВсушност од оваа година па натака , секоја прва вечер од Златните денови ќе биде посветена на некој од големите македонски музички имиња како Јонче Христовски, Никола Бадев, Кирил Манчевски, Гоце Арнаудов, Драган Џаконовски Шпато, Тоше и други  имиња од нашата музичка сцена, но и вечери кои ќе бидат посветени на нештата кои се вечна инспирација за создавачите на музичкатата уметност. Па така ќе се организираат и вечери ВО ИМЕ НА Љубовта, Виното, Македонија и слично.

Овој дел од програмата во оваа прва година во која се започнува со оваа практика го нарековме ВО ЧЕСТ НА ГОЛЕМИОТ ЈОНЧЕ ХРИСТОВСКИ.

Во продолжение на вечерта ќе настапат ѕвездите од овогодинешниот Х ФАКТОР, но и нашиот минатогодишен победник и претставник на овогодинешниот избор на Евровизија. Оваа вечер на главната бина ќе можеме да уживаме и во енергичниот настап на Куку Леле.

Забавата за присутните ќе продолжи и после полноќ, на базенот во Кратово, каде по 01:00 часот ќе настапат  ДЈ Бранчез,  ДЈ Жак и ДЈ Кокс.

Следниот ден дневната програмата продолжува пред платото на Музејот на Град Кратово, каде ќе настапат: Тамбураши, Чалгии како и локални музичари.

Потоа настанот се префрлува на главната бина, каде во вечерните часови од 20:30 ќе настапи најекспонираниот етно состав во овој момент кај нас, Чалгија саунд систем.

http://pictures2015.mobi/wp-content/uploads/elena-risteska-7.jpgВеднаш потоа е настапот на уште една македонската поп ѕвезда поранешна наша претставничка на Евровизија, Елена Ристеска која всушност ќе биде жешка најава за вистинската саботна треска која на главната сцена ќе биде додатно вжештена со настапот на човекот со најголем број хитови, Бајага и Инструктори.

И оваа вечер најиздржливите ќе можат да уживаат во забавата на базенот во Кратово, каде што по 01:00 часот за атмосферата ќе бидат задолжени  ДЈ-Боби и ДЈ Жак.

Последниот ден, во недела во 12:00 часот напладне пред платото на Музејот на Град Кратово ќе настапуваат хорот и солисти на Златно Славејче заедно со својот другар и долгогодишен водител на фестивалот Влатко Илиевски, а по нив манифестацијата ќе продолжи на малата сцена пред домот на културата.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.