Силниот дожд кој утринава почне да врне во Кратово, а непрекинато паѓа цел ден, направи хаос во градот. Кратовска река носи се пред себе, шахтите станаа водоскоци не можејќи да ја соберат атмосферската вода, а се урна и дел од потпорниот ѕид кај подружницата на „Македонски шуми“.
Падна и потпорен ѕид во Аргуличка маала во Кратово, и уште еден во близина на Радин мост.
Од ЦУК јавуваат дека и Крива Река се излеала и го оштетила мостот кој води кон Камените кукли во Куклица.
Ако ова беше претходница на циклонот „Вера“, што ли треба да очекуваме викендов, коментираат кратовци.





















