gogo

A+ R A-


Црвениот крст организира собирна акција во Кратово за помош на поплавените подрачја

Е-пошта Печати PDF

Општинската организација на Црвен крст во Кратово утре (вторник) од 14 до 16 часот ќе биде отворена да ги прими сите донации од граѓаните на Кратово, кои ќе изразат желба да помогнат на поплавените места во скопско.Од таму повикуваат  да помогнеме со донации на:вода, средства за хигиена, гумени обувки, ракавици, свеќи, облека, храна (конзервирана, трајна), пелени и храна за деца

13887023_10205134979693695_3081771309843771324_nДополнително, може да донирате на телефонскиот број на Црвениот Крст Скопје – 143-400 од сите мобилни оператори.

Да помогнеме на нашите сограѓани!

Согласно информациите добиени од терен Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција.
Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, Скопје од 08,00 до 18,00 часот (телефон за контакт: 3 096 227).

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:
– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

Донација на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

Уште еднаш, апелираме во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.