gogo

A+ R A-


Цветков: Продолжува изградбата на вештачки акумулации за справување со поплавите

Е-пошта Печати PDF

5000mihail-cvetkov-MZSVЗа долгорочно решавање на проблемот со поплавите продолжува изградбата на вештачки акумулации, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

Цветков подвлече дека сезоната на поплави допрва почнува со оглед на прогнозите за нови врнежи дожд од петок.

- Со тековното чистење на каналите и речните корита, како и со изградба на вештачки брани донекаде ќе се регулираат штетите од поплавите. Сепак, мора да бидеме реални, станува збор за природна појава која поради климатските промени во иднина ќе биде и почеста, истакна министерот.

Според него, моментно се работи на браните на Оризарска и Коњска Река.

Во врска со состојбата во сточарството, Цветков подвлече дека нема драстично намалување на добиточниот фонд, а клучен фактор за развој на оваа гранка е секако производството на домашна сточна храна.

- Не можеме да очекуваме зголемување на добиточниот фонд ако не се работи на основата - зголемување на домашното производство на сточна храна, рече Цветков.

Како што додаде, доколку со современи системи за наводнување „капка по капка“ бидат опфатени 7.000 хектари пченка, за седум години може во целост да се регулира извозот на добиточна храна, што за Македонија би значело годишна заштеда на 20 милиони долари.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.