Цаци е лице со церебрална парализа. Позитивен и ведар лик, преполна со оптимизам и покрај сите маки и страдања низ кои поминува во животот. Граѓаните на Кратово ја знаат како насмеано девојче, кое благодарение на нејзините верни другари, знаеше со инвалидската количка да излезе на кафе на градскиот плоштад. Но, во последно време, се поретко ја гледаме Цаци. Проблем се скалилата во нејзиниот двор, кои Цаци и покрај несебичната помош од својата мајка, не може да ги помине за да излезе на улица. Цаци е се почесто сама, во својот двор и соба, далеку од очите на јавноста. Мечтае за слобода, за миговите кога пие кафе и се смее со своите другарчиња на плоштадот во Кратово.
Решение има. Потребен е лифт во нејзиниот двор, со помош на кој ќе може да излезе на улица и да ужива во животот, колку и да е тој тежок за живеење. Лифтот чини 5.500 евра. Тоа се многу пари за нејзиното семејство кое живее од социјална помош и додаток за мобилност. Веруваме дека хуманите граѓани ќе помогнат со донации што поскоро да се купи потребниот лифт. Цаци ќе ви биде бескрајно благодарна.
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА за донации
320-500022734065
Митка Петковска
Да и помогнеме на Цаци од Кратово да ужива во слободата, да донираме за лифт
Најново
Денеска | 911 | |
Вчера | 1145 | |
Оваа недела | 6917 | |
Минатата недела | 28162 | |
Овој месец | 6917 | |
Минатиот месец | 107754 | |
Вкупно | 20380009 |